Македонската Царина иницира заедничка гранична контрола со соседите

Од:

Македонската Влада на владите на соседните држави да им понуди склучување меѓународни договори за конкретни гранични премини на кои би се реализирал концептот на заеднички гранични контроли, иницира денеска македонската Царинска управа по повод Меѓунродниот ден на царината.

Со воведување на концептот заеднички контроли со соседните земји на повеќе гранични премини, според Царината, ќе се овозможи единствено застанување и контрола на патниците, стоката и превозните средства од страна на граничните служби на две соседни држави.

Инцијативата, според денешното соопштение од Царината, следи по согледување на сите аспекти, (инфраструктурни можности, организациска поставеност, можност за дополнителни вложувања,..)

На координираното гранично управување е посветен и овогодишниот Меѓународен ден на царината. По тој повод на иницијатива на Царинската управа на РМ шефовите на македонските гранични премини одржаа средби со своите колеги од царинските служби на соседните земји. Воедно македонската Царина додели 6 благодарници за досегашната одлична соработка со царинските испостави на Србија и Косово и со Министерството за внатрешни работи на РМ.Светската царинска организација традиционално, преку своите членки, меѓу кои е и Царинската управа на РМ доделува благодарници на лица и организации кои придонеле за подобрување на координираното гранично работење.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ