Smoke Shakers одбројуваат до промоцијата на својот деби албум

Од:

По неверојатно успешната 2014 година во која се сместија во почесното друштвото на Кирил Џајковски и Суперхикс како трети македонски претсавници кои како ревијални ѕвезди настапиле на престижниот „Јелен Демофест“, ја делеа бината во Бања Лука со „големите“ Хладно Пиво и „Guano Apes“, а настапија и на славната „Гитаријада“ во Зајечар, кавадаречките и македонски рок гордости, инди-рок составот Smoke Shakers по шест години напорна работа конечно годинава ќе го објави својот деби албум.

На албумот кој сеуште нема име, а се очекува официјално да биде промовиран во текот на месец март ќе се најдат 9 песни, меѓу кои хитовите „Stand together”, „Faith“, „Waiting for original you”, и „Sunny world“. Покрај нив на албумот ќе има место и за „Promise Land“, „Fun Bus“ и „Farewall“ кои беа промовирани во Бања Лука, но и на уште две нови, досега необјавени песни.

Песните кои го носат препознатливиот за „шејкерски“ идни-рок звук а во чие создавања учествуваа сите членови на бендот, се снимаа во студиото marryPHAT, а за продукцијата на истите е задолжен Ивица Јанкуловски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ