Во Грузија се одржуваат парламентарните избори, на кои за 150 пратенички места ќе се борат 14 партии и два блока.
Главната битка ќе се води меѓу партијата „Единствено национално движење“ на претседателот Михаил Сакашвили и опозициската коалиција „Грузиски сон“ на милијардерот Бидзина Иванишвили.
„Ова е ден со историско значење за Грузија. Денеска ќе се одлучува за судбината на Грузија“, рече Сакашвили откако гласаше во центарот на Тбилиси во придружба на сопругата и помладиот син.
Право на глас имаат вкупно 3,6 милиони гласачи. Според изборниот законик, изборите ќе се сметаат за успешно спроведени без разлика на бројот на излезени гласачи.