Гласот на Русија – Москва
Франција и понатаму живее во трагичните настани кои се случија на 7 јануари оваа година. Тогаш, како што веќе е соопштено, радикални исламисти убија 12 соработници на сатиричниот весник Шарли Ебдо и убија уште 5 лица. На 11 јануари во главниот и другите градови на Франција одржани се масовни поворки во знак на жалост за загинатите, единство и поддршка на европските вредности, на демократијата, толеранцијата и слободата на говорот.
Дали маршот во молк на милиони граѓани одржан во Франција ќе стигне до тие за кои е наменет и до кого точно? Да, со своето ожалостено молчење луѓето изразија можеби повеќе чувства отколку да изговараат потресни зборови. Политичарите исто така молчеа. Само се наметнува прашањето – дали за едно исто, ако така може да се каже, молчеа обичните француски граѓани и првите лица на европската политика?
Нема смисла да се погодува. Но, еве една индикативна нијанса. Тешко дека тие кои се наоѓаа во последните редови на поворката можеа да ја видат фигурата на украинскиот претседател Петар Порошенко, кој како што забележаа некои репортери, од некоја причина се насмевнуваше и од време на време мафташе со рака на жителите на Париз кои стоеја на страна. Како што наведоа руските медиуми во врска со тоа, тој напиша на Твитер дека Маршот на единството ги обедини сите цивилизирани земји во светот и дека Украина посебно ја разбира болката на Франција. Шефот на Комитетот за меѓународни работи на руската Државна дума Алексеј Пушков по тој повод напиша на својот микроблог. Цел ден Украина цивилизирано го бомбардираше Донбас; пет убиени, меѓу нив две деца.
Претходно Пушков го критикуваше Порошенко и за тоа што донесе одлука да отпатува на маршот во Париз, додека сеуште не се осудени виновниците за ланскиот терористички акт во Одеса. На 2 мај во 2014 година поддржувачите на антимајданот, спасувајќи се од радикалните националисти, беа принудени да се сокријат во Домот на синдикатите. Националистите ја запалија зградата, а тие кои се обидуваа да се спасат, ги убиваа и докрајчија со палки и камења. Според податоците на МВР на Украина, загинаа 48 лица, според други податоци над 100. За тоа официјална Европа, исто така молчи.
За двојните европски приоди, во разговор за нашето радио зборуваше воениот експерт, главен уредник на весникот Национална одбрана, Игор Коротченко.
Тоа е политика на двојни стандарди. Од една страна, несомнено е осудата на тероризмот во Париз. Но, притоа никој не го забележува украинскиот тероризам кој се организира на државно ниво и доведува до многу помасовни жртви, од парискиот терористички акт. Тоа што Европа не го гледа, поточно не сака да го види, изгледа како врв на цинизмот во дадената состојба.
И конечно, официјална Европа сака да премолчува, следејќи го главниот сојузник на НАТО, Америка, таа и сама придонесе за отворање на Пандорината кутија на исламскиот радикализам на планетата. Противници на владејачките режими во Ирак, Либија или Сирија кои ги поддржува Западот, станаа тие од кои треба да се плашат и на континентот. Меѓу другото и во официјалната и во обичната Европа, зборувајќи сликовито, постои различно молчење и различни гласови. Во Берлин, во секој случај, поворката на украинскиот премиер Јацењук, како што се соопштува, ја дочекаа учесниците на маршот, следена со ниту малку политички коректни извици и свирења во кои нема почит.