Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, најави детална анализа за настапот на нашата репрезентација на Светското првенство во Катар по која ќе следува извештај.
– Благодарност до сите кои ни даваа поддршка за да стигнеме до посакуваниот резултат. Како репрезентацијапокажавме тимски дух, квалитет и посветеност, но за жал не успеавме да се пласираме во квалификациите за Олимписките игри. Некогаш треба да се има и малку среќа. Рано е да се даваат оценки. Управниот одбор на РФМ ќе направи целоснаанализа за настапот и ќе излеземе во јавноста со извештај за тоа, изјави денеска Мукаетов кој заедно со национален тим вечерва се враќаат за Скопје.
Македонија имаше амбиции да влезе во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, но по вчерашниот пораз во осминафиналето од Словенија, Светското првенство најверојатно ќе го заврши на деветтото место.