Српскиот и шпанскиот тенисер, Ѓоковиќ и Алмагро одиграа меч во Тајван. Егзибицијата помеѓу двајцата тенисери е организирана со цел популаризација на тенисот во оваа азиска земја.
Ѓоковиќ на крајот го совлада Шпанецот со 2:0 (7:5, 6:4), но гледачите беа воодушевени од забавата што ја пружија и двајцата тенисери.