Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, истакна дека победи подобриот противник и дека Македонија потфрли во сите сегменти на играта.
„Треба да бидеме реални и да кажеме дека Словенија беше подобра од почеток, па до крајот. Тие беа порасположени во секој сегмент, а имаа и подобар голман. Свесен сум дека ова беше еден од моите полоши настапи во репрезентацијата.
– Некои овој пораз ќе го сфатат како трагедија, а можеби е и така. Преодна оценка кај нас не заслужи никој, ниту голманите, ниту одбраната, ниту нападот. Сега треба да се направи детална анализа на целиот настап во Катар и да се извлече поука од сето ова“, рече Борко Ристовски веднаш по елиминацијата од мундијалот.