Саниран мостот на патниот правец Радовиш – Штип, сообраќајот се одвива наизменично

Од:

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип сеуште останува, но се очекува набрзо сообраќајот да биде воспоставен.

На регионалениот пат во непосредна близина на с. Ратавци – Пробиштип сообраќајот е сеуште во прекин.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.

Според МВР, од 11:00 часот во прекин е и сообраќајот на локалниот пат Демир Капија кон с.Корешница поради надојдените води на р.Вардар и подигнатото ниво на водата од десната страна на течението, а прелиен е и дел од патот до мостот на р.Вардар.

Сообраќајот на патниот правец  кај клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на реката Вардар.

Од АМСМ информираат дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Ржаничино – Долно Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Во соопштението од АМСМ се наведува дека сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со можни остатоци од снег. Слаб снег провејува на граничен премин Деве Баир и во Крива Паланка.

Поради појава на магла намалена е видливоста на патните правци: Пробиштип – Кратово, Страцин – Куманово, Страцин – Крива Паланка од 50 до 100метри, Тетово – Попова Шапка до 10 метри, Маврово од 30 до 40 метри, како и на планинскиот премин Плетвар со видливост до 40 метри и Крушево од 50 до 60 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска