Стојанче Стоилов знае дека целта не е остварена, а смета дека можеби клучниот момент беше црвениот картон за Филип Миркуловски.
„Бевме подготвени, ама и тие беа за нас. Мислам дека црвениот картон на Миркуловски беше клучен, со него сигурно ќе имавме повеќе шанси. Штета, сепак мислам дека добро игравме на цело светско првенство. Првичната цел не ја исполнивме, но ќе гледаме да го оствариме тоа на следната шанса, на европското првенство идната година“ констатираше Стоилов, кој по мечот рече дека се е во ред со неговата аркада, која беше скината уште од првиот дел, но јуначки издржа во текот на сите 60 минути.
Неговиот втор мундијал донесе подобар резултат од претходниот, иако во истата елиминациона фаза сме елиминирани како и во Барселона во 2013 година.