По поразот од Словенија на удар беше одбраната која прими 30 гола, а Горазд Шкоф и неговите клучни интервенции исто така имаа голем удел во неуспешниот обид на македонската репрезентација за пресврт.
„Одбраната не беше на високо ниво, но имаше борба за време на целиот натпревар. Ова беше еден неизвесен меч за време на сите 60 минути, а на крајот кога ние се обидовме да се вратиме, нивниот голман одбрани зицери и не ни дозволи да успееме.
– Ги погодивме и стативите, наместо мрежата. Жалам што ја остваривме нашата намера”, изјави Ацо Јоноски.