Лазаров: Не треба да се срамиме, главата горе

Од:

По елиминацијата од СП во Катар, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров видно разочаран го прокоментира поразот на Македонија од Словенија во осминафиналето на Мундијалот.

„Се уште е рано за детални анализи, но факт е дека е тешко да се игра, кога бркаш резултат, пред се на психолошки план, а ние постојано моравме да бркаме. Тие имаа водство речиси во текот на целиот натпревар и ментално тои им помогна. Не напушти и среќата, промашивме зицери, седмерци, Шкоф одбрани неколку неверојатни шутеви, а нашите голмани имаа топки во раце, па потоа тие завршуваа во голот“, рече Лазаров.

Капитенот додаде дека не смеат да се предадат и дека се уште можат да го „бркаат“ сонот наречен Олимпијада.

– Такви се овие мечеви, нема место за поправен, и за жал, ние сме тие што загубија. Најлесно е да се предадеме. Јас верувам дека сеуште можеме на Олимписките игри во Рио. Овде целта не е остварена, но имаме уште една шанса во Полска и верувам дека не сме без шанси за нашиот сон да стане реалност“, изјави Лазаров.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ