ВИДЕО: Тројца мажи приведуваа жена поради автобуски билет

Од:

Видео записот од апсењето на жена на автобуска станица, поради тоа што кај себе немала Бус плус картичка за јавен превоз во Земун предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Српски „Курир“ успеа да дојде до жената, која во петок беше приведена од тричлена патрола на комуналната полиција. Тие најпрвин ја опколиле жената, а потоа и покрај нејзиниот отпор и ставиле лисици и додека таа беспомошно ги молела да ја пуштат, ја внеле во автомобил.

-Ме приведоа како најголем криминалец, како да сум убила човек или да сум продавала дрога. Во ниту еден момент не ми дозволија да повикам полиција или некој друг. Од првиот момент применуваа агресија и сила – вели жената.

Таа додава дека уште веднаш и рекле да влезе во нивното возило и кога таа одбила искоментирале дека не сака да соработува и дека мора да и стават лисици.

-Тогаш започнаа да ме влечат низ автобуската станица, а едниот од нив сакаше дури да ме вовлече и низ преминот помеѓу продавниците. Беше многу агресивен. Другиот пак ми ја сврте раката зад грб, додека се договара да ми го земат телефонот- раскажува таа.

Откако видела дека не сакаат да ја пуштат и покрај нејзините молби им се обратила на очевидците, некој од нив да повика полиција.

-Истиот кој се обиде да ме вовлече во преминот цинично ми зборуваше: „Дали те боли“ ? А во полициската станица во Земун, еден од дежурните полицајци ми рече дека знае дека жените може да бидат незгодни и дека поради тоа може да ги врзуваат. Не знам дали со тоа сакаше да се пошегува или да ми каже дека не сум нормална- раскажува жената, која се уште е во шок поради тоа што и се случи.

Инаку Никола Ристиќ, началник на Комуналната полиција изјави дека неговите оперативци може да приведат лице во најблиската полициска станица, заради утврдување на идентитет.

-За видео записот нема да коментирам, бидејќи не сум го видел. Претпоставувам дека жената немала лични документи и дека поради тоа е приведена, за да се утврди нејзиниот идентитет – вели тој.

Градоначалникот на Белград, Синиша Мали најостро го осудува однесувањето на Комуналната полиција во тек на приведувањето на патничката која одбила да се легитимира во автобус на градско сообраќајно претпријатие.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ