Шпанската полиција во северноафриканската шпанска енклава Сеути уапси четири лица за кои постои сомнение дека се членови на милитантна исламистичка мрежа, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи.
Мадрид по терористичките напади во Париз на почетокот на месецот ги зголеми безнбедносните мерки, како и напорите за спречување на радикализација на младите муслимани.
Во соопштението на министерството се наведува дека полицијата истражува дали четворицата приведени планирале напади во Шпанија.
Извори блиски до истрагата за шпанскиот весник „Паис“ изјавиле дека истрагата е покрената пред две недели откако еден од осомничените на својот „Фејсбук“ профил објавил видео снмика во која се гледа како обучува и поттикнува друго да се вклучат во џихад.