Руската Православна Црква е изненадена од иницијативата да се забрани операта Исус Христос суперстар

Од:

Нова жртва на “навредените” верници во Русија е легендарната рок опера “Jesus Christ Superstar”, која е отстранета од репертоарот во Ростов на Дон на југот на земјата, окако група на православни активисти излезе со барање до Ростовската обласна филхармонија претставата да се забрани.

Во Руската православна црква изразуваат изненадување во врска со иницијативата и велат дека не стојат зад неа.
– Ние сме многу изненадени од групата на луѓе кои себеси се нарекуваат верници и сакаат нивните ставови да се во согласност со мислењето на сите православни луѓе. Тоа е невозможно. Тоа е само лично мислење на околу дваесетина луѓе кои не го одразуваат ставот на РПЦ – рече шефот на информативниот оддел на Ростовската епархија RPC Данил Азизов.

Тој за новинската агенција Интерфакс изјави дека на Донската митрополија не и се обратил никој од верниците со иницијатива да се забрани рок операта, а групата луѓе кои повикуваат на тоа немаат ништо заедничко со епархијата.

– Со еден од иницијаторите на оваа мерка, се обидував да разговарам, но наместо конструктивен разговор се премина на викање – рече протојерејот, кој потсети дека пред 20 години, кога во Русија не се користеше ниту библијата ниту Евангелието, луѓето учеа за Исус Христос од самата рок опера.

Обвинителството во Ростов потврди дека тие добиле некое барање од извесен Трофимов да се провери дали ликот на Исус Христос во операта е презентиран искривено од гледна точка на христијанството.

Основа за оваа иницијатива е нацрт-законот, кој неодамна пристигна во државната Дума, за измена на Кривичниот законик во делот кој ќе предвиди построги казни за навреда на верските чувства на граѓаните и (или) сквернавење на објекти од религиозно значење.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот