75 отсто од Швеѓаните не одат во црква

Од:

Бројот на Швеѓани кои одат во црква или веруваат во Бог постојано се намалува, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа произлегува од најновите сознанија на глобалната истражувачка мрежа „Ворлд валју сурвеј“, која од 1980-тите години редовно ги испитува човечките вреднувања и ставови, меѓу другото и кога станува забор за односот спрема религијата.

Во најновото истражување на споменатата истражувачка мрежа 75 отсто од Швеѓаните се изјасниле дека никогаш не учествуваат во некаков вид богослужба. 40 отсто велат дека веруваат во Бог, а 17 отсто се нарекуваат себеси атеисти.

Но во исто време се забележува и тренд на пораст на довербата во црквата меѓу Швеѓаните.

Во 1980-тите години 37 проценти од испитаниците имале висока или мошне висока доверба во црквата, додека денес со таков став се изјаснуваат 50 проценти од Швеѓаните.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица