Роберта Џејкобсон се сретна во Хавана со група кубански дисиденти

Од:

Шефот на американската делегација, на преговорите за нормализација на дипломатските односи меѓу САД и Куба, Роберта Џејкобсон, се сретна во Хавана со група кубански дисиденти.

На средбата што се одржала во просториие на канцеларијата за заштита на американските интереси во кубанскиот главен град, присуствувале седумина дисиденти и продемократски политички активисти, главно оние кои биле во затвор.

Еден од нив, Хозе Даниле Ферер, изјави подоцна, дека е задоволен што дошло до една ваква средба, но изрази жалење што сите кои биле поканети не се појавиле.

Меѓу оние кои не дошле била и Берта Солер, остар критичар на кубанската власт и претседател на групата „Жени во бело„ што ја сочинуваат сопругите на затворените дисиденти и политички активисти.

Во Хавана се смета дека мнозинството опозициони лидери се скептични околу сегашната обнова на пријателството со САД, плашејќи се дека по извесно време, Американците ќе ги „затворат очите„ пред повредата на човековте права од страна на кубанските власти.

Џејкобсон изјави за Си-Ен-Ен дека на средбата имало „разноликост на гледањата„ но, претседателот на формално забранетата, но толерирана Национална комисија за човекови права во Куба, Елизардо Санчез, по средбата изјави дека таа била срдечна.

Амерканските дипломати во Хавана разговараа со своите кубански домаќини за патиштата за обнова на дипломатските врски кои се прекинати од 1961 година. Разговорите во кубанскиот главен град доаѓаат по решенитео на американската админстрација и претседателот Барак Обама и на кубанската влада и претседателот Раул Кастро, за надминување на една „старомодна и надмината политика„.

Кубанските власти ослободија 53 политички дисиденти,а пуштија на слобода еден Американец кој пет години беше во затвор,обвинет,наводно,за шпионажа.Властите на САД, пак, ги ослободија преостанатите тројца Кубанци, од „шпионската петорка„ кои беа осудени на долгогодишни затворски казни.

На првите дипломатски разговори, што се означуваат како историски,делегацијата на САД и Куба покажаа крупни несогласувања околу миграцијата, но дијалогот продолжи и следниот ден, кога се разговараше за обновата на дипломатските врски. Двете страни се согласуваат дека разговорите во Хавана, поминале во атмосфера на меѓусебно почитување и завршиле позитивно.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија