Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров по триумфот против Австрија, четврти на СП во Катар, не го криеше задоволството од постигнатото досега, но, и потсети дека, доколку не ја победат Словенија во осминафиналето се ќе биде залудно.
– Сега следува најважното. Сето досега сторено може да се фрли во оган, ако не минеме во четвртфиналето. Оваа победа ни дава дополнителна сигурност и поголема самодоверба. Сепак мора да останеме цврсто на земја и добро да се подготвиме за Словенија’, изјави по натпреварот капитенот Кирил Лазаров.
За противникот во осминафиналето Словенија, капитенот потенцира дека тоа е силна селекција која игра модерен ракомет, а доколку црвено-жолтите сакаат успех во дуелот со Словенија, одбраната ќе мора да биде на повисоко ниво, односно противникот да биде сведен меѓу 22 до максимум 25 постигнати голови.
На крајот капитенот Лазаров со порака до навивачите да уживаат во победите.
– Ние сме спортска нација и знаеме да се радуваме на секоја победа. Но, не ветувам дека по два дена нема да се нервираат во текот на натпреварот со Словенија. Ссепак верувам дека на крајот сите заедно ќе се радуваме, изјави Лазаров, кој со 9-те постигнати голови во дуелот против Асвтрија, беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.