Репрезентацијата на Тунис е последната од Б групата која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Во натпреварот од последното 5. коло, одигран попладнево Тунис убедливо со 30:23 ја победи селекција на Иран. На тој начин, Тунижаните го осигураа четвртото место на табелата бидејќи имаат три бодови повеќе од БиХ и им се приклучија на Хрватска, Македонија и Австрија во осминафиналето.
Тунис за противник во осминафиналето ќе ја има Шпанија, актуелниот светски првак, која заврши како прворангирана во групата А, додека Хрватска која е сигурно прва во Б конкуренцијата во осминафиналето ќе игра против Бразил.
Овие натпревар на распоредот се во недела, а кои ќе бидат преостанатите две осминафинални двојки ќе биде познато по одигрувањето на дуелот меѓу Македонија и Австрија.