Индиските власти во Кашмир употребија солзавец и сила за да растераат муслимански демонстранти кои протестираа поради објавување карикатури на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо.
Протестите беа организирани во градот Шринагар по верската молитва во џамиите, а според западни медиуми, полицијата фрлила солзавец и испукала предупредувачки куршуми не дозволувајќи собирање.
Демонстрантите возвратиле со камења врз силите на редот. Нема податоци за повредени. Во терористички напад на исламски екстремисти врз редакцијата на Шарли ебдо на 7 јануари, беа убиени 12 луѓе, а во два други одвоени напада настрадаа уште пет луѓе.