Шпанската полиција разби мрежа на наркодилери која дејствувала во целата држава и притоа уапси 55 луѓе и конфискува 11 тони хашиш.
Во полициската акција откриени се пунктови за распространување наркотици во Мадрид, Гранада, Гвадалахара, Малага и Селта. Пресечени се канали за доставување дрога во Италија, Холандија и Велика Британија.
Со тоа е конечно уништена криминалната група составена главно од Мароканци. Истрагата за мрежата почнала во 2012 година кога биле уапсени 35 луѓе и конфискувани 11 тони хашиш. Тој вид дрога се доставува во Шпанија главно од Мароко. Според министерот за внатрешни работи, Хорхе Фернандес Диас една третина од хашишот што се конфискува во светот е запленет во Шпанија.