Обрван верува во успех ако се повтори играта како со Хрватска

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван смета дека неговите избраници можат да дојдат до поволен резултат на средбата со Австрија доколку се прикажат во издание како на дуелот со Хрватска.

– Од Хрватска загубивме ама прикажавме игра за која убеден сум дека ако ја повториме ќе биде доволна да ја победиме Австрија. Хрватите неколку пати ни дадоа голови од контри и полуконтри и ќе треба на тој момент од нашата игра да ставиме акцент, бидејќи и денешниот противник има поединци кои на таков начин ги казнуваат грешките, рече Обрван.

Тој побара неговите избраници да бидат сконцентрирани во текот на целиот натпревар и да направат напор евентуалните падови и кризни периоди да траат што покусо не дозволувајќи на Австријците да влезат во серија.

Што се однесува до еден од клучните одбранбени играчи Ацо Јоноски, селекторот рече дека неговиот настап се уште е неизвесен и ќе се знае до пред самиот натпревар дали ќе може да помогне.

Македонија од 17 часот против Австрија ќе се бори да остане непоразена и да заврши на втората позиција на табелата во Б групата од Светското првенство во ракомет што се одржува во Доха, Катар.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ