Криумчарите на дрога од Мексико со помош на магнет, прицврстуваат пакети со дрога на автомобили без знаење на нивните сопственици и на тој начин се обидуваат без проблем да пренесат наркотици во САД.
Еден возач кој од Мексико дошол во јужна Калифорнија додека ставал бензин во резервоарот под своето возило забележал пакет и помислил дека станува збор за бомба, по што повикал полиција, која открила пакет со 13 килограми хероин, кој со јак магнет бил прицврстен за неговиот автомобил.
Од 12-ти јануари до сега четири вакви случаи се пријавени во Сан Диего и тоа од возачи кои претходно поминале детална проверка од сојузните власти на САД и кои без вообичаена детална контрола може да ја поминат границата помеѓу Мексико и САД.
Е. Г.