Аргентинскиот претседател Кристина Ферненадес де Кирхнер, изјави дека е убедена оти смртта на специјалниот обвинител Алберто Нисман не е самоубиство.
Нисман (51) во неделата беше најден мртов во својот стан во аргентинскот главен град. Во првите изјави на полицијата се навестуваше дека тој „најверојатно се самоубил“.
Според наодите на полицијата и на обвинителството, покрај мртвото тело на истражителот е најден пиштол од кој е испукан куршумот што го погодил Нисман во главата и го усмртил, влезната врата била заклучена од внатре, а во станот не се најдени траги од борба.
Неколку дена пред да биде најден мртов, Нисман предизвика бранување во аргентинската јавност, кога ја обvини претседателката Кирхнер дека заедно со министерот за надворепни рабори Хектор Тимерман, правеле заговор за да се прикрие иранското учество во терористичкиот напад од 1994 година, за да се обезбеди потпишување на крупна бизнис зделка на Аргентина со Иран.
Долги години тој го истражуваше терористичкиот напад од пред 20 години,во кој од подметната бомба во Еврејскиот центар во Буенос Аирес загинаа 85 лица, а 200 беа ранети. Истрагата на аргентинските власти утврди дека зад нападот стојат ирански терористи, што официјален Техеран и тогаш и сега категорично го демнатира.
Заклучоците од истрагата на 300 страници, како и обвинувањето за претседателката Кирхнер, беа повод Нисман да биде повикан пред спацијална Комисија на аргентинскиот Конгрес. Беше пронајден мртов на само десетина часови пред да сведочи.
Неговата смрт под вакви околности предизвика бурни протести во Буенос Аирес и во низа други градови во земјата, во кои демонстрантите ја обвинуваа власта и неверување во верзијата за смрта што ја понудија полицијата и обвинителството.
За своето тврдење за заговор, Нисман се повикуваше на пресретнати разговори, според кои аргентински разузнавачи се обидувале да ги „покријат“ осомничените Иранци во врска со терористичкиот напад.
Но, претседателката Кристина Кирхнер на својата страница на Твитер тврди дека Нисман бил снабден со лажни информации и дека разузнавачите на кои се повикува, всушност не биле разузнавачи, туку дека тие намерно погрешно го насочувале во истрагата.
– Затоа и самоубиството што сега се споменува (за Нисман) не е самоубиство, пишува Кирхнер.
Обвинителство во меѓувреме соопшти дека Алберто Нисман можеби и не си пукал во главата, како што укажуваа првите наоди од истрагата, затоа што на неговите раце не се најдени траги од барут, што би требало да ги има ако пукал во себе.