ЕЦБ месечно ќе купува државни обврзници вредни 60 милијарди евра

Од:

Претседтаелот на Европската централна банка Марио Драги претстави план за помош на економијата во Европа, кој ќе резултира со печатење нови банкноти евра за купување државни обврзници од земјите-членки на еврозоната кои имаат инвестициски кредитен рејтинг, во износ од дури 60 милијарди евра месечно.

– Со новата проширена програма, вредноста на месечното купување обврзници од јавниот и приватниот сектор ќе биде 60 милијарди евра, изјави Драги.

Целта е покренување на успорениот економски раст на еврозоната. Програмата ќе стапи во сила од март оваа година до септември 2016 година.

Инфлацијата во еврозоната моментно е негативна и изнесува минуис 0,2 отсто. Европската централна банка (ЕЦБ) се надева дека ќе има инфлација од околу два отсто.

Во програмата за купување обврзници ќе бидат државите кои веќе примиле помош за да избегнат банкрот, но ќе мра да бидат задоволени посебни критериуми.

Одлуката на ЕЦБ предизвика намалување на вредноста на еврото во однос на доларот на Лондонската берза – на 1,1513 долари од утринските 1,1620 долари.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ