Јункер: Кој и да дојде на власт во Грција ќе мора да ги почитува обврските

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска уште еднаш ги предупреди граѓаните на Грција, на три дена пред предвремените парламентарни избори во оваа земја-членка на Европската унија, дека кој и да дојде на власт, ќе мора да се придржува до мерките на штедење на „тројка“ што ја сочинуваат Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, челникот на ЕК смета дека Грција не ќе може да се реши од обврските кон меѓународните кредитори, кои досега и позајмија околу 380 милијарди евра на земјата за да не доживее економски колапс, и покрај ветувањето на партијата на СИРИЗА дека ќе ги укине ако ја превземе власта.

На прашањето дали во Брисел е тензично поради исчекувањето на изборните резултати и можноста СИРИЗА да дојде на власт во Атина, наследникот на Жозе Мануел Барозо одговори дека „тензиите се секогаш високи во Брисел и тоа го карактеризира овој град“.

– Ние не сакаме да се мешаме во изборната дебата во Грција и Грците сами одлучуваат за својата иднина и кој да ги води. Единствено што можам да кажам е дека обврските превземени од Грција ќе мора да бидат почитувани од секоја идна грчка Влада, дециден е Јункер.

Претседателот на Еврокомисијата не сакаше јавно да коментира и за најавената вечерашна одлука на Еворпската централа банка (ЕЦБ) да испечати 500 милијарди евра со цел да се зголеми потрошувачката и инвестициите во ЕУ со цел да се зголеми економскиот раст.

– ЕЦБ е независна институции и банката ја води монетарната политика на еврозоната, па не би било паметно и интелигентно, ниту корисно, да реагирам на се уште недонесена одлука, посочи Јункер.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ