Десното крило Златко Мојсоски не добива многу шанса за настап во Катар, но затоа е главен на социјалните мрежи по намигнувањето за време на интонирањето на македонската химна на мечот со Иран.
Мојсоски намигнуваше пред средбите со Тунис и Иран, потоа неочекувано остана мирен пред дуелот со БиХ, за да се врати на старата рутина пред почетокот на вчерашниот дуел со Хрватска.
-Можеби навистина беше малер што намигнав двапати. Навистина не знам. Но, сега ќе пробам да намигнам еднаш или трипати пред дуелот со Австрија, па се надевам дека ќе биде подобро, вели Мојсоски за Спортмедиа.