Вучиќ: Србија не е марионета на Русија

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека е можно да се одржуваат пријателски односи со Русија и истовремено да се биде членка на ЕУ, како и дека Србија не е ничија марионета.

– Ние не сме марионета на Русија, ние не сме ничија марионета. Изјавив во присуство на рускиот претседател Владимир Путин дека сакаме во ЕУ. Ние сме блиски со Русија, но наша цел е ЕУ, истакна Вучиќ за швајцарскиот весник „Блик“, додавајќи дека очекува Србија да влезе во ЕУ до 2019 година.

За нас нема дилеми. Можно е да се одржуваат пријателски односи со Русија и истовремено да се биде членка на ЕУ. ЕУ добро знае дека од тоа може да има корист, нагласи тој.

Вучиќ на прашањето што Србија може да понуди со претседателството на ОБСЕ, одговори дека може да помогне на Западот, но и дека сака да остане неутрална, пренесува весникот „Блиц“.

Српскиот премиер во однос на конфликтот во Украина оцени дека судирот е лош за Русија и Украина, но и за цела Европа. – Ние сме мала држава. Европа мора да направи повеќе за мир, нагласи Вучиќ.

На прашањето како Србија, која е блиска со Русија, може да остане неутрална, Вучиќ одговори дека односите со Русија се историски, што може да биде корисно за ЕУ во напорите за изнаоѓање на мирно решение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници