Над 62 илјади Јапонци беа денеска блокирани поради стопирањето на движењето на супербрзите возови „Шинкансен“, познати и како воз-стрела, поради пожар во близина на шините, соопшти компанијата оператор „Џеј ар токаи“.
Пожарот избувнал во раните утрински часови на локација, на која се извршувале градежни rаботи во регионот на градот Нагаокакио.
За три часа огнот бил совладаn, но движењето на супер брзите возови е обновено три часа по совладувањето на огнената стихија.
Речиси 15 композиции во моментов се движат со два часа задоцнување. Линијата „Токаидо“, која го поврзува Токио со третиот по големина град во земјата Осака е најфреквентната линија, по која возовите „Шинкансен“ се движат со просечна брзина од 260 километри на час. Оваа железничка линија секојдневно превезува над 390 илјади лица.