Индиската полиција има информации за терористички напад врз храм во Мумбај

Од:

Индиската полиција располага со информации за подготвување терористички напад врз еден од најпосетуваните и најбогатите храмови во Мумбај, во јужниот дел на земјата, пишува денеска весникот „Тајмс оф Индија“.

Според податоците на весникот силите за безбедност се ставени во состојба на зголемена готовност по добиените податоци дека терористите распоредуваат четири диверзантски групи, кои треба да го нападнат храмот Сидхиванајак.

Терористичките акции се планирани за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Индија од 25 до 27 јануари.

Според силите за безбедност најверојатниот датум на извршување на нападите е 27 јануари, кога во храмот, посветен на полубогот Ганеш се собираат голем број верници.

Според оперативните потадоци терористите, кои се спонзорирани од Пакистан, веќе се префрлени на територијата на Индија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати