Хрватскиот селектор Славко Голужа ликуваше по победата против Македонија и смета дека во ниту еден момент неговата репрезентација не ризикуваше да не победи. Бившиот тренер на Загреб смета дека Македонија со овие 60 минути го даде максимумот и не може повеќе од денешното.
„Почнавме брзоплето, а таков не ни беше договорот. Но се консолидиравме и рутински го приведовме мечот до победа. Знаев дека ги држиме сите конци во наши раце, посебно кога стигнавме во водство. Тие не успеаја да не изненадат, па дури, очекував и уште потежок натпревар. а уверен сум дека Македонија го даде својот максимум, мислам дека не можеа да одиграат подобро од ова вечерва“, истакна селекторот на Хрватска, Голужа кој повеќе го вреднуваше трудот на своите ракометари одколку на противничките.
Хрватска против БиХ во петок ќе може да ги одмора своите клучни ракометари со оглед на тоа што и со пораз не може да падне на второто место во групата.