Обрван: Честитки за Хрватска, нам ни треба само бод за второ место

Од:

По втор пат во оваа Б група на мундијалот, два хрватски селектори беа еден наспроти друг. Откако го победи Хасанефендиќ, Славко Голужа и неговата Хрватска беа подобри и од Македонија на Ивица Обрван. На официјалната прес-конференција, македонскиот селектор им посака најмалку финале на своите сонародници, а за македонскиот национален тим истакна дека не се откажува во вербата за најмалку уште бод од мечот со Австрија, со кој би биле втори во Б групата на 24 светско ракометно првенство:

„И покрај поразот ние сме уште истиот тим, кој претходно победуваше. Ние одиме на второто место во групата, ќе бараме бод од дуелот со Австрија, а на Хрватска ѝ посакувам да игра финале. Нас целта ни е да бидеме втори во групата. Се надевам на подобра игра на понатамошните натпревари”, рече на прес-конференцијата селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ