Пак многу емоции и игра на работ на секоја топка со голема селекција наспроти себе го красеше нашиот тим во текот на овие 60 минути. За прв пат на турнирот во второто полувреме бевме во дефицит и бркавме резултат, но и со оглед на противникот не можевме да се надминеме себе си. Филип Миркуловски пак ја издвои „црната дупка“ заради која не успеавме да се вратиме откако противникот побегна:
„Имавме шанса во овој меч, убаво отворивме, беше 4 разлика за нас, но се случи истата таа „црна дупка“ како со Тунис како и со БиХ. Сепак, Хрватска е голема селекција, знаеше да ја искористи таа наша „дупка“. Ако на минатите натпревари се вративме во игра, денес со Хрватска немавме сили. Можеби не фати и мал умор. Имаме сили за уште еден меч од групата. Треба да имаме и сили и мотивација“, истакна Миркуловски.