Почнуваат првите кубанско-американски политички разговори во Хавана по 35 години

Од:

Во Хавана почнуваат првите кубанско-американски политички разговори во Хавана, на кои се очекува главната тема да бидат миграцијата и обновата на дипломатските односи.

Американската делегација во кубанскиот главен град ја предводи Роберта Џексон, водечки американски дипломат за Латинска Америка. Последен пат еден американски дипломат од нејзин ранг престојувал во Куба пред 35 години.

Од американска страна, претходно беше најавено дека САД бараат од Куба да ги укине сегашните рестрикции за американските дипломати, што во Вашингтон се смета како навестување дека сегашната канцеларија за заштита на американските интереси би можела да прерасне во амбасада.

Кубанските власти досега не открија кои се прашањата што тие ги истакнуваат како најважни, но во Хавана се верува дека миграцијата има првостепено значење.

Почнувањето на американско-кубанскиот дијалог се совпаѓа со ноќешнато обраќање на претседателот на САД Барак Обама во американскиот Конгрес за состојбата во унијата. Во него тој зборуваше и за одмрзнувањето на односите со соседна Куба, оправдувајќи го таквиот чекор на американската администрација. Притоа, Обама побара од Конгресот да се укине повеќе од 50 години старото трговско ембарго, објаснувајќи дека на тој начин ќе се стави крај на недовербата во западната хемисфера.

Престојот на Џексон во Хавана е уредено врз основа на договорот меѓу двете соседни земји за нормализација на односите ,што на 17 декември, заеднички го соопштија претседателите Обама и Раул Кастро, во говорите кои во исто време ги одржуваа во Вашингтон и во Хавана.

Кубанскиот претседател го поздрави одмрзнувањето на односите, но тогаш истакна дека вистинската нормализација ќе настане кога целосно ќе се укине и трговската блокада на САД кон Куба.

Претседателот Обама нема право самиот да ја укине блокадата туку за тоа мора да одлучи Конгресот, каде во овој момент нема мнозинство за еден таков чекор.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија