Процесот во САД против БП за нафтената дамка во Мексиканскиот залив во фаза на одредување казна

Од:

Во американскиот град Њу Орлеанс, држават Луизијана, почна третата фаза од судскиот процес против британскиот нафтен гигант „Бритиш петролеум“ (БП), во која треба да биде одредена казната, која треба да ја плати Владата на САД за нафтеното излевање во Мексиканскиот залив во 2010 година, јави ДПА.

Адвокатите на компанијата ја изложија вчера пред обласниот судија Карл Барбие позицијата дека казната не треба да биде во предложените огромни размери, затоа што таа вложила огромни напори и средства за прочистување и отстранување на последиците по експлозијата на платформата „Дипвотер хорајзон“.

Според американскиот Закон за чистота на водата, БП треба да плати 13,7 милијарди долари за излеаните 3,19 милиони барели нафта во Мексиканскиот залив.

Последната цифра Барбие ја посочи минатата седмица, која е компромисна меѓу повисокото количество, посочено од американската Влада, и пониското, посочено од БП.

Законот предвидува казни до 4.300 долари за секој разлеан барел.

Единаесет лица загинаа во експлозијата на 20 април 2010 година.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак