Помошник државен секретар на САД во посета на Куба

Од:

Помошникот државен секретар на САД за прашања на западна хемисфера, Роберта Џејкобсон денеска ќе биде во посета на Хавана каде ќе престојува до 24-ти јануари.

Агендата опфаќа разговори за технички и логистички прашања како што се операции на амбасадата, прашање на персонал и обработка на визи, соопшти Стејт департментот.

Во него се додава дека повторното воспоставување дипломатски односи со Куба е клучен чекор за спроведување промени во американско-кубанските односи кои американскиот претседател Барак Обама ги најави на 17-ти декември.

Џејкобсон ќе има средби и со членови на независното цивилно општество како и со верски претставници и независни бизнис лидери.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија