Видео натпревар за средношколци „Сите различни – сите еднакви“

Од:

Младинскиот совет на Амбасадата на САД организира средношколски видео натпревар на тема „Сите различни – сите еднакви (All Different – All Equal)“, чија цел е да се подигне свеста за интеграцијата и еднаквоста меѓу младите во Македонија.

Средношколци од цела Македонија ќе бидат избрани да учествуваат на две работилници за видео активизам. Само на избраните учесници ќе им биде дозволено да учествуваат на видео натпреварот, соопшти Младинскиот совет на Амбасадата на САД.

Првата работилница е за снимање видеа и креирање приказни и ќе се одржи на 8 февруари во Националниот младински совет на Македонија, од 10 до 17 часот, а втората работилница е за обработка на видеа и постпродукција и ќе се одржи на 20 февруари во Американското катче Скопје, од 10 до 17 часот.

Учесниците треба да се средношколци од кој  било град од Македонија. Треба да имаат вештини за говорење, пишување и разбирање англиски јазик. Видеата ќе се снимаат со лична опрема, така што треба да поседуваат смартфон или камера за снимање и лаптоп за обработката на видеата.

По одржувањето на работилниците, избраните учесници ќе треба ги достават своите двеминутни видеа кои ќе се квалификуваат за видео натпреварот. Потоа ќе следува онлајн гласање и гласање од жири од Младинскиот совет на Амбасадата на САД.

Сите учесници што присуствувале на работилниците и доставиле видео ќе добијат сертификат за учество. Наградите за првите три места од натпреварот се: фотоапарат, таблет и флеш меморија.

Линкот за аплицирање е: https://ycusmac.wordpress.com/high-school-video-competition-all-different-all-equal. Крајниот рок за аплицирање е 29 јануари на полноќ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март