Тачи: Нема да дозволиме отцепување на северот на Косово

Од:

Властите на Косово нема никогаш да дозволат „одвојување на северната енклава во која претежно живеат Срби“, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, додавајќи дека Приштина и Белград „треба да ги нормализираат односите“.

„Косово е определено за дихјалог со Србија и за нормализација на односите. Од тоа ќе имаат полза и Косово и Србија. Тоа ќе значи крај на ерата на конфликти во регионот и ќе го забрза процесот на евроинтеграција на сите (балкански) земји“, нагласи Тачи во интервју за агенцијата АП.

Според него, главен „камен на сопнување“ во односите меѓу Приштина и Белград е прашањето за северот на Косово и судбината на косовските Срби.

Осврнувајќи се на идеите за поделба на Косово како едно од можните решенија за спорот, Тачи изјави дека прекројувањето на границите би претставувало опасен преседан за Балканот и дека Приштина никогаш нема да се согласи на нешто такво.

„Србите од северот на Косово цели 12 години се залажувани од официјален Белград дека ќе дојде до поделба. Тоа никогаш нема да се случи. Поделбата (на Косово) ќе подразбира промена на гранциите на најмалку шест земји“, потенцира Тачи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина