Турскиот парламент денеска треба да гласа за одлуката на анкетната комисија да не бидат изнесени пред суд четворица поранешни министри, обвинети во рамки на корупциски скандал откриен во 2013 година.
Весникот „Хуриет“ објави дека за да бидат изнесени четворицата поранешни министри пред Врховен суд, ќе бидат потребни гласови на 276 пратеници на тајно гласање денеска но пленарна сала. Опозициските партии заедно со независните партеници имаат вкупно 223 места. Тоа значи дека, ако сите тие гласаат, ќе бидат потребни и гласовите на 53 пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) за тие да се најдат пред суд.
Парламентарната комисија за истрага на обвиненијата за корупција против четворица поранешни министри од АКП гласаше претходно овој месец против нивно изнесување пред суд.
Поранешните министри за внатрешни работи Муамер Гулер, за економија Зафер Чаглан, за животна средина и шуми Ердоган Барактар и за ЕУ Егемен Багис се осомничени за корупција, измама и притисок во рамки на истрагата за корупција, покрената во декември 2013 година.
Владата тврди дека истрагите се дел од заговор за преврат против власта, зад што стојат привразаниците на исламскиот проповедник Фетхулах Гулен.