Проекции и предавање на Манчевски во Лондон

Од:

Режисерот Милчо Манчевски одржа предавање во реномираната британска филмска академија „Лондон филм скул“ во Ковент Гарден во Лондон.

На покана од академијата и од катедрата за сценарио, Манчевски одржа предавање на тема „Сценарист или режисер: Уметност – подобрување на вистината?“.

Предавањето и разговорот со студентите се однесуваа на темата на преточување на пишаната форма (сценарио) во визуелна форма (филм), видено низ призма на опусот на Манчевски.

Претходно за студентите беа прикажани филмовите на Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“, како и неговата работа на американската тв серија The Wire (Жица) снимена за каналот HBO (Ејч-Би-О).

Академијата „Лондон филм скул“ следната година ќе одбележи 60 години постоење. Нејзин раководител е британскиот режисер Мајк Ли.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он