Аргентина: Нема индикации дека специјалниот обвинител Алберто Нисман е убиен

Од:

Нема индикации дека станува збор за убиство, откако е пронајден мртов аргентински специјален обвинител, кој ја обвини претседателката Кристина Фернанед Киршнер дека штити Иранци осомничени за терористички напади во Аргентина.

Алберто Нисман е пронајден мртов во неделата вечер во својот стан во Буенос Аирес, неколку часа пред да сведочи на сослушување во Конгресот за бомбашки напад во 1994 година во Аргентина.

Истражниот обвинител Вивијан Фејн изјави дека врз основа на обдукциските наоди нема индикации дека станува збор за убиство.

Секретарот на јавна безбедност Серџо Берни изјави дека врз основа на обдукциските наоди се укажува на самоубиство.

Нисман минатата недела ја обвини аргентинската претседателка за прикривање докази во случајот со терористичките напади во 1994 година врз зградата на аргентинско израелското здружение АМИА во Буенос Аирес во кој загинаа 85, а над 200 лица беа повредени. Нисман (51) е поставен за специјален државен обвинител пред 10 години од покојниот сопруг на Кристина Фернанед Киршнер, тогашниот претседател Нестор Киршнер за да раководи со истрагата за бомбашкиот напад од 1994 година.

Специјалниот обвинител е пронајден доцна во неделата со прострелна рана на телото во својот стан во Буенос Аирес, објави претходно јавниот обвинител Вивиен Фејн.

Кратко по смртта на обвинителот, претседателството нареди да бидат објавени имињата на агентите, кои Нисман барал да бидат сослушани. Пратеничката Корнелија Шмит-Лирман, која требало да го придружува Нисман на сослушувањето, сепак изјави дека обвинителот бил сигурен за изјавите кои планирал да ги даде.

– Нема индикации, при какви и да е околности, дека тој се самоубил, изјави таа.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј