Обрван: Кире немаше свој шутерски ден

Од:

Репрезентацијата на Македонија вчера ја постигна и третата победа на шампионатот во Катар, а притоа капитенот и нашиот најдобар стрелец Кирил Лазаров постигна за него скромни три голови (сите од пенал).

По дуелот селекторот Ивица Обрван ја нагласи важноста на победата остварена и покрај слабиот ден на Лазаров.

– Почетокот беше одличен со високо водство, индивидуални решенија, контра-напади, одбрани, но немаше брз проток на топката. Го немавме тоа од дуелот со Тунис. Ниту Кире не беше шутерски расположен овој ден, малку и тоа влијаеше на играта. Тој е таков калибар на играч, затоа игра во најдобриот светски клуб Барселона, што присилени сте да го чекате едно полувреме. Ние бевме немоќни во нападот и затоа имаше неизвесност. На крајот го искористивме нашето искуство, а тие погрешија, рече хрватскиот стручњак и предводник на Македонија.

Репрезентацијата денеска има слободен ден, а утре на програмата е дуелот од 4.коло со Хрватска која исто како и Македонија има три победи. Воедно ова претставува и борба за првата позиција во групата.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ