Четири репрезентации на Светското првенство во ракомет, по три одиграни кола имаат максимален учинок по три победи, а меѓу нив е и Македонија што значи обезбеден пласман во осминафиналето.
Во групата А, Шпанија и Катар се радуваа на третиот триумф, а во Б групата Македонија и Хрватска. Следното коло овие селекции ќе играат меѓу себе.
Резултати Б група:
Македнија – БиХ 25:22,
Хрватска – Иран 41:22,
Австрија – Тунис 25:25.
Табела: Хрватска 6 бодови, Македонија 6, Австрија 3, БиХ 2, Тунис 1, Иран 0.
Резултати А група:
Белорусија – Бразил 29:34,
Словенија – Катар 29:31,
Чиле – Шпанија 16:37.
Табела: Шпанија 6 бодови, Катар 6, Словенија 4, Бразил 2, Белорусија 0, Чиле 0.
Денеска во овие две групи е слободен ден, а се играат натпреварите од 3.коло од групите Ц и Д.