Стојанче Стоилов имаше значајна улога на денешната средба против Босна и Херцеговина со која македонската ракометна репрезентација си го трасира патот во осминафиналето.
„Видовме дека на ова првенство има нeобични одлуки на судиите, но мислам дека како за нас, судиите судат исто и за противниците, па сигурен сум дека ако и нив ги прашате за арбитражата, ќе одговорат исто. Одигравме тежок меч како и што очекувавме, Босна се покажа дека е „тврд орев” и знаевме дека за победникот ќе одлучи добрата одбрана. Малку потфрливме во нападот, но сепак, на крајот ние славевме. Исклучувањето на Јоноски нѝ падна малку тешко, но мислам дека добро се снајдовме. Најважно од сѐ е дека победивме”, заклучи кружниот напаѓач на Вардар и националната репрезентација.
Извор: http://www.lazarovkiril7.com