Во моментите кога се „кршеше“ резултатот, ракометарот на Вардар, Немања Прибак постигна три гола.
„Сите сме професионалци, сите сме свесни зошто сме тука и имаме една заедничка цел. Кога играм за клуб исто така размислувам, не мислам колку играм, сите играме еден за друг. Почнав лошо, но потоа се случи да дадам некои решавачки голови, но секој од нас може да го направи тоа. Важен е колективот. Задоволен сум како игравме, можеби не сме најдобра селекција на овој турнир, но покажавме карактер. Босна не е наивна екипа, со добра одбрана, со одличен голман, со мотивација, тие се вратија. Но ние сепак, имавме нешто повеќе од нив“, рече Прибак.
Извор: http://www.lazarovkiril7.com