Филип Миркуловски во изјава по натпреварот против репрезентацијата на БиХ истакна дека не се победуваат лесно три врзани средби на мундијал.
„Добро се држевме, добро го отворивме мечот и сето требаше во друг правец да оди. Требаше полесно да победиме. Но, важни се двата бода, а грешките да се корегираат. Сега влегуваме растоварени и ќе се бориме за подобар пласман во групата. Не требаше да има нервоза, особено откако отворивме со 6:1 водство, мислевме дека ќе биде како со Тунис. Но кога Босанците нѐ стигнаа се појави можеби мала несигурност, да речам и нервоза. Но еве покажавме и карактер и сега само треба да се одмориме. Турнирот е долг и ние уште не сме покажале максимум“, изјави Миркуловски за сајтот на Кире Лазаров.