Победата над Босна и Херцеговина со која репрезентацијата на Македонија го осигура својот пласман во осминафиналето на СП во Катар, ќе донесе сигурност во редовите на црвено-жолтите, смета капитенот Кирил Лазаров.
– Овој датум не го означивме, но ова е многу важна победа за нас, со која добивме мир за следните натпревари. Го осигуравме второто место, но нема да калкулираме во продолжението. Ме радува што освоивме бодови во не многу импресивна игра. Босна се покажа како квалитетен противник, со гранитна одбрана и добар голман, а можеби и ние малку ги потценивме. Тие ја платија цената што прв пат играат на светско првенство. Покажавме карактер и концентрираност во клучните моменти. Но, ова не е сѐ од нас бидејќи имаме уште резерва за покажување. Сега треба добро да се одмориме и да се покажеме во најдобро светло против „коцкестите“, рече Лазаров.
Извор: lazarovkiril7.com