Во Турција приведен полицаец во врска со убиството на новинарот Динк

Од:

Турски полициски началник е приведен, откако денеска сам им се предал на властите, во врска со убиството во 2007 година на турскиот новинар од ерменско потекло Хрант Динк.

Новинарот беше убиен на 19 јануари 2007 година, во Истанбул, пред редакцијата на турско-ерменскиот весник „Агос“. Динк беше главен уредник на венсикот.

Ерџан Демир, кој беше назначен минатиот месец за началник на полицијата во Џизре, во округот Шарнак во југоисточна Турција и се предал на полицијата во Анкара, откако за него беше издаден налог за апсење во врска со процесот за убиството на Динк.

Демир е третиот полициски службеник, приведен овој месец во врска со случајот. Според семејството на Динк убиството е резултат на заговор, во кој биле вмешани државни службеници.

За време на убиството на Динк, Демир работел во разузнавачкото одделение на полицијата во Трабзон, каде живеел убиецот на новинарот, Огјон Самаст.

Според турските медиуми Демир ги отфрла обвиненијата дека ги нарушил службените должности и ја злоупотребил својата положба.

Убиецот, националистот Самаст, кој беше малолетен за време на убиството, го призна делото и во јули 2011 година беше осуден на 23 години затвор.

Една година подоцна осомничениот организатор на убисвото Јасин Хајал беше осуден на доживотен затвор, но судиите ги прекинаа процесите против 18 други обвинети лица, со мотив дека не постоел заговор.

Во друг процес едне од осомничените поттикнувачи на убиството, Ерхан Тунџел откри дека ја информирал полицијата за заговор против Динк, но предупреудвањата не биле сфатени сериозно.

Во мај 2013 година Касациониот суд нареди започнување нов судски процес за убиството. Во октомври минатата година Истанбулскиот суд за тешки злосторства почна нов процес, со цел да се утврди дали навистина бил организиран заговор. Неколку турски надлежни службеници меѓу кои и полицајци се предмет на судска истрага.

Динк дејствуваше во насока на помирување меѓу Турците и Ерменците, но ги разгневуваше турските националисти, бидејќи го означуваше како геноцид масовното убиство на Ерменците во Отоманската империја по Првата светска војна.

Во меѓувреме турските медиуми јавија дека имало обид за вооружен напад врз демонстрантите, кои ја одбележуваат осумгодишнината од смртта на Динк во неговиот роден град, Малатија.

Вооружено момче ненадејно излегло пред учесниците во маршот и насочило оружје кон демонстрантите. Полицијата брзо интервенирала и напаѓачот бил совладан и приведен.

На митингот во Малатија учествуваа стотици лица, претежно членови на синдикатот на просветните работници Егатим-сен.

Маршови во спомен на новинарот денеска се одржаа и во други места во Турција, меѓу кои и во Истанбул, каде учесниците се движеа од плоштадот Таксим до редакцијата на весникот „Агос“. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ