Во Турција задржан товарен брод со над 300 нелегални имигранти

Од:

Турската крајбрежна стража задржа синоќа во Средоземното Море покрај Мерсин, во јужна Турција, товарен брод со над 300 илегални имигранти, претежно Сиријци, кои пловеле кон Италија, јави Анадолија.

Според локалните власти бродот со должина од 30 метри пловел под знамето на Того.

Турските власти презеле мерки, откако забележале невообичаено движење на мали рибарски чамци, натоварени со елеци за спасување и голема количина храна, меѓу Мерсин и бродот „Бурчин“.

Два чамци на крајбрежната стража и еден хеликоптер почнале да го следат сомнителниот брод, кој беше задржан, а потоа спроведен до пристаништето Мерсин.

На бродот турските власти откриле 333 нелегални имигранти и привеле 15 лица осомничени за пренос на нелегални имигранти, од кои четворица се турски државјани.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ