Ал Арабија: Пилотите на турскиот авион што го собори Сирија биле ликвидирани

Од:

Двајцата пилоти на турскиот воен авион што го собори сириската противвоздушна одбрана на 22 јуни, не загинале при падот на леталото како што се сметаше досега, туку биле спасени, сослушувани и потоа ликвидирани од припадници на разузнавачката служба на Сирија, тврди саудиската телевизија Ал Арабија, повикувајќи се на „таен извештај“.

Според телевизијата, станува збор за извштај што шефот на сириската единица за специјални операции, генерал Хасан Абдел Рахман му го испратил дирекно до претседателот на Сирија, Башар ел Асад.

Во документот наводно се тврди дека двајцата пилоти биле заробени од припадници на сириското воено разузнавање, отако нивниот авион-ловец бил соборен во „координирана операција со единиците во руската поморска база во градот Тартус“.

Според извештајот, двајцата пилоти добиле третман на воени зарбоеници и биле сослушувани во врска со улогата на Турција во поддршката на бунтовничката Слободна сириска армија, која се бори за уривање од власта на претседателоот Асад.

Врз основа на информациите и препораките на руското раководство издадена е наредба за ликвидирање на двајцата турски пилоти, по што нивните тела се вратени на местото на кое се урнал авионот во меѓународните води, тврди телевизијата.

Ал Арабија наведува дека документот и бил доставен од членови на сириската опозиција, кои не објасниле како дошле до него, а самиот извештај досега не е подложен на независна експертиза за утврдување на неговата автентичност.

Официјална Анкара досега не реагираше на ваквите тврдења на Ал Арабија.

Авионот-ловец на турското Воено воздухопловство беше урнат на 22 јуни под не докрај разјаснати околности. Сирија тврди дека нејзината противвоздушна одбрана го соборила авионот во сирискиот воздушен простор, не знаејќи дека станува збор за турски ловец, додека Турција смета дека леталото било урнато во меѓунардниот воздушен простор, откао претходно накусо навлегол на сириска територија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски