Големиот христијански празник Богојавление се слави и во Доха, Катар. Навивачите на македонската ракометна репрезентација кои на лице место го следат Светското првенство организираа церемонија на фрлање на крстот во отворениот базен во хотелот Ездан во центарот на Доха.
Крстот го фрли најпопуларниот македонски навивач Шиц. Од десетината припадници на „Фалангата“ кои скокна во базенот, најсреќен беше Дарко Здравковски-Вепар кој го фати крстот.